Дендиас: Грција посакува одржување на меѓувладините конференции со С Македонија и Албанија

by fokus

Грција е цврсто посветена на европската иднина на регионот и дека посакува одржување на меѓувладини конференции, како прв чекор во пристапните преговори, и со Северна Македонија и со соседна Албанија, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на средбата со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Тие се сретнале на маргините на Делфи економскиот форум, денеска во Атина и имаа тет а тет средба на која покрај добрососедските односи и интензивирањето на соработката во многу области, двајцата разговарале и за актуелните случувања во регионот.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посебен фокус на средбата беше ставен на значењето на отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, како за регионот, така и за кредибилитетот на Унијата на Балканот.

-Секогаш истакнувам дека најголем интерес од европска Северна Македонија имаат токму нашите соседи, кои со нашиот успех во пристапувањето кон ЕУ, обезбедуваат успех и за самите себе како шампиони во регионот, и Грција е одличен пример за тоа, рече Димитров.

Поврзани новости