Грција силно ја поддржува Северна Македонија и целиот Западен Балкан на патот кон Европската Унија. Грција е и може да биде ваш најголем пријател и соработник. Изборот што го направивте да стоите до нас, да одите по патот до големото европско семејство е вистинскиот избор за добробит на вашиот народ. Треба да продолжи имплементацијата на Преспанскиот договор кој е основа за подобрување на заемните односи и влез на земјата во европското семејство, порача денеска шефот на грчката диломатија Никос Дендиас кој е во официјална посета на земјава.
Грција, посочи тој, е задоволна од она што досега е направено во насока на имплентација на овој договор.
-Направени се многу скорешни чекори од кои еден е тргањето на таблата пред зградата во која се наоѓаме, поставена во други времиња и го претставуваше кралот Филип, таткото на Александар Велики, бидејќи договорени сме заедно дека тогаш вашите претци се уште не биле пристигнати на Балканскиот Полуостров и немале можност да војуваат под водство на Александар Велики во длабочината на Азија, променето е и името на Археолошкиот музеј и промената на таблите на граничките премини, рече Дендиас додавајќи дека имплементацијата на договорот не е бирократска работа туку треба да се имплементира секоја буква и за тоа, како што рече, има временска рамка.
Тој смета дека треба да се инвестира во младата популација на која ќе и се дадат потребните алатки за да ја гледаат нашата заедничка иднина, а не да гледаат во минатото. Исто така, нагласи грчкиот шеф на дипломатијата, треба да се спречат појаснувања на договорот кои се погрешни и го попречуваат неговото спроведување.
Тој на денешната прес-конференција со неговиот колега Бујар Османи, рече дека на средбата, што ја имал со него разговарале за овие теми, но и за соработката во економијата, инфраструктурата. Грчките инвеститори, рече, во Северна Македонија имаат 1 милијарда евра инвестиции, дека обезбедуваат 20 илјади работни места, но и оти иско воуслови на пандемија взаемната трговска размена изнесувала околу 800 милиони евра.