До 14.03.2016 година поднесени се вкупно 316 756 Годишни даночни пријави, од кои 1 530 се поднесени по електронски пат преку системот е- Даноци. Најголем број на даночни пријави се поднесени во Контакт центаротна УЈП и тоа 77 866.
Работното време на даночните канцеларии на УЈП е од 08:30 до 18:00 часот, додека работното време на Контакт центарот на УЈП е од 09:00 до 20:00 часот. Рокот за пријавување е до утре. Кој нема да поднесе пријава, а остварил приход надвор од платата ќе се санкционира парично до 200 евра.
Под дополнителна заработа се сметаат приходите од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни.