499
Дека Управата за безбедност и контраразузнавање трошеле државни пари за скапи ручеци и вечери покажуваат и фактурите, на кои може да се види дека за една вечер се потрошени 500 евра, брифираат од МВР.
Така, еден ден по Велики четврток кога кај Смилковско Езеро во 2012 година беа убиени четири млади момчиња од Скопје и еден рибар, од УБК во ресторанот „Воденица“ направиле сметка од точно 29.860 денари.
Се нарачувале печурки на жар, сирење, полнети пиперки, ајвар, макало, мешано сувомеснато, грне воденица, ракија, вино, пиво, десерти.