Косовската полиција доцна синоќа соопшти дека уапсен е и втор напаѓач кој кој исто така бил во воена униформа и вооружен со оружје со долг дострел.
Косовската претседателка Вјоса Османи го прогласи денешниот ден за ден на жалост во Косово во чест на полицискиот старешина, Африм Буњаку, кој беше убиен во нападот на вооружена група на северот на земјата, соопштија од нејзиниот кабинет.
Во престрелката со вооружената група, досега се убиени тројца напаѓачи, двајца се уапсени, а четири лица фатени со радио врски кои нелегално ги поседувале се исто така меѓу осомничените и се поврзуваат со групата која вчера рано наутро пукаше во косовоските полицајци кај Бањска.
Синоќа од доцните часови, како што соопшти косовската полиција, интензитетот на нападите врз полицијата е намален, но безбедносната ситуација на северот на Косово и понатаму е тензична.