Раководството на Алтернатива денеска попладне ќе одржи состанок за да донесе одлука дали ќе се приклучи кон парламентарното мнозинство или ќе остане во опозиција.
Во партијата постојат различни мислења околу тоа дали да се биде дел од идната влада, но од таму најавуваат дека сите ќе ја почитуваат секоја одлука која ќе биде донесена од страна на мнозинството.
Минатата недела, партискиот лидер Африм Гаши се сретна со лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во насока на идна соработка во рамки на собранието и владата.
И двајцата истакнаа дека на средбата се разговарало принципиелно, без да се разгледува конкретна понуда, но неофицијалните информации говорат дека Алтернатива треба да добие две министерски места во идната влада, доколку прифати да учествува.
Доколку реши да остане во опозиција, тогаш експертите посочуваат дека единствено излезно решение се предвремени парламентарни избори.
Исто така, денес ќе се состанат и партиските органи на СДСМ, кои ќе ја отпочнат постапката за нов партиски лидер, откако Заев најави повлекување по поразот на локалните медиуми.
Како најсериозен каднидат за негов наследник се споменува заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, кој го придружуваше Заев на минатонеделната средба со Гаши.
Тој одбива да ги коментира ваквите информации се додека, како што вели, не бидат распишани внатрепартиските избори.
Ковачевски за Фокус: Нема да коментирам додека СДСМ не ги распише изборите