Демонтрантите кои денеска во Скопје протестираа против одлуката на првостепениот суд да осуди шест лица на доживотна робија во случајот „Монструм“ постепено се дистанцираат од првиот полициски ред, а истовремено и се повеќе полицајци се повлекуваат од местото на настанот, покажува сликата од терен.
И покрај тоа што демонстрантите во неколку наврати маваа со камења, протестите завршија мирно, без посериозни инциденти, бидејќи луѓето кои се залагаа за изразување на протестот и испорачување на барањата на мирен начин очигледно ги задржаа под контрола оние што заговараа радикализација.
На теренот можеа да се забележат бројни странски новинарски екипи.
Демонстрантите излегоа со следниве барања: оставка од министерката Гордана Јанкулоска, ослободување на осудените за случајот Монструм и нивно обештетување.