651
Повеќе од 70 демонстрации се планирани во текот на денов во САД, во знак на протест против убиството иранскиот генерал Касим Сулејмани по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп и одлуката за испраќање на околу 3.000 војници на Блискиот исток.
Протестите се предводени од Act Now to Stop War and End Racism, антивоена коалиција со седиште во САД, во соработка со повеќе од десетици организации, објавија американски медиуми.
Коалицијата бара САД да ги повлечат сите трупи од Ирак и да стават крај на, како што велат, војна против Иран, според портпаролот Валтер Смоларек.
Демонстрации се очекуваат пред Белата куќа, на Тајмс Сквер во Њујорк и во многу други градови.