436
Пред зградата на Унгарската државна телевизија синоќа протестираа околу 2.000 луѓе, барајќи независни медиуми и судство и изразувајќи незадоволство од Владата на премиерот Виктор Орбан.
Демонстрантите носеа транспаренти „Телевизијата го изгуби карактерот на јавен сервис“, истакнувајќи дека државната телевизија станала владино гласило.
На улиците беа распоредени стотици полицајци.
Фото – Марко Ѓурица