519
Додека трае собраниската седница на која ќе се гласаат уставните измени, и покрај ладното време, 50-тина демонстранти останаа попладнево пред Собранието. Тие го повикаа претседателот на Собранието да не прави лоши потези.
Додадоа дека не сакаат промена на името и двојазичност. За време на говорите, демонстрантите ги поздравија пратениците со неколку патриотски песни и порачаа: Не гаѓаме со снајпер, туку со божји зборови.