452
Патриотски песни се пејат пред Собранието откако пратениците со 69 гласа „за“ одлучија Предлог законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција, да се донесе по скратена постапка.
„Бог да ги бие шпиуните“, „Земјо Македонска“, химната на Македонија и стихови од други песни можат да се слушнат пред Собранието, а се скандира и „Македонија, Македонија“.
Демонстрантите власта ја споредуваат со удба, бидејќи апсела, а како пример го дадоа внукот на Ченто, кој е во притвор поради крвавиот упад во Собранието на 27 април минатата година.
Фото: Томислав ГЕОРГИЕВ