535
За време на собраниската седница, на чиј дневен ред беше Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на државата во ЕУ, група граѓани во текот на целиот ден протестираа пред Законодавниот дом.
Учесниците на протестот, со знамиња и транспаренти го искажаа незадоволството и испратија порака дека се против прифаќањето на францускиот предлог, а собраниската седница ја следеа преку преносот во живо на јутјуб.
Пред Собранието се поставени шатори, а дел од учесниците ќе останат и во текот на ноќта. Собранието го обезбедуваат полициски службеници, а улицата се уште е затворена за сообраќај.