454
Премиерот, Зоран Заев најави дека во тек се разговори со Турската демократска партија за проширување на парламентрното мнозинство и верува дека до вторник ќе бидат финализирани разговорите.
-Оваа партија веќе дава поддршка на законските решенија и соработката не е условена со некои места, но треба да се заокружи. Размислувам и за средби со БЕСА и тоа со двете групи. Се надевам дека ќе најдат нешто што ќе ги спои во една, бидејќи гледам дека пратениците соработуваат меѓу себе. Потоа ќе се разговара и со пратеници кои се во опозиција – рече Заев.