Демократските процеси се засенети oд нелегалното прислушување на граѓаните и притисокот врз медиумите

by Фокус

Демократските процеси се засенети од нелегалното прислушување на граѓаните, притисокот врз медиумите и новинарите-критичари на власта и злоупотреба на судството и државните тела против политичките противници пишува „Отворена демократија“.

Според пишувањата, она што недостасува во политичките практики во регионот се одговорни влади, контрола, владеење на правото и слобода на говор. Непотизмот, неефикасна администрација и корупцијата се вообичаени и ги блокираат демократските процеси. Јавните средства се под контрола на политичките елити, а нивното влијание се чувствува и во медиумите, судството и безбедносните служби.

Во текстот под наслов „Демократија, 25 години по Југославија“, се вели култот на политички лидер со неограничена моќ е присутен во случајот со Никола Груевски во Македонија, Мило Џукановиќ во Црна Гора, Александар Вучиќ во Србија и други, а јавноста речиси и да не учествува во политички одлуки.

– Македонија мирно се оддели од Југославија по што следеше вооружениот конфликт помеѓу Македонците и Албанците кој заврши со Охридскиот договор. Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски дојдоа на власт со ветување за економска стабилизација на земјата и реформи, но како и другите екс-Ју лидери, името на Груевски е замешано во матна приватизација на Македонска банка, финансиски тајни зделки и огромни градежни проекти во земјата – се вели во текстот.

Поврзани новости