Демократски сојуз: Пописот е неуспешен и треба да се бара одговорност

by fokus

Партијата Демократски сојуз која е дел од владината коалиција, смета дека пописот е неуспешен, резултатите не се одраз на фактичката состојба и треба да се понесе одговорност за тоа.

-Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста, велат од Демократскиот сојуз.

Тие додаваат дека повеќе фактори влијаеле да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл.

Демократскиот сојуз предлага да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.

 

Поврзани новости