Демократски сојуз: ДУИ и СДСМ го урнисаа правниот поредок, владеат мафијашки

by Fokus

Со измените на Кривичниот законик, со предлог законот за амнестија и со најавената трета амнестија или ставање во сила на одлуката за аболиција на Ѓорге Иванов, ДУИ и СДСМ дефинитивно го урнисаа правниот систем во државата и создадоа предуслови мафијата да владее во Македонија, да трупа капитал и да ги блокира евроинтеграциите, соопштија од Демократскиот сојуз.

„Вакво мафијашко владеење нема ниту во јужноамериканските држави! Многу е опасно што угледни професори по казнено право за пари се ставија во одбрана на измените во Кривичниот законик и амнестијата на тешки криминалци.

Во државата никој не верува дека сте загрижени за пренатрупаноста во затворите туку затоа што сте алчни за пари и власт.

Со ваквите одлуки само ја блокирате Македонија на европскиот пат и не можеме да веруваме дека ЕУ и САД очекуваат со овие криминални владини активности да го промените Уставот. Сериозен проблем е тоа што меѓународната заедница не реагира на соодветен начин што власта го злоупотребува како наводна нивна поддршка за ова невидено разнебитување на државата и правниот поредок“ порачаа од партијата.

Поврзани новости