Демократски сојуз: Да се продолжи важноста на личните документи

by Fokus

Демократскиот сојуз предлага преку измена на законите (Закон за лична карта, Закон за патни исправи и Закон за основите на безбедност на патниот сообраќај) да се продолжи рокот на важноста на личните документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), како и сообраќајните дозволи, сѐ со цел да не се блокира нормалното одвивање на животот на граѓаните и функционирањето на институциите.

„Во оваа насока предлагаме: личните карти да можат непречено да се користат до определениот рок на важност, нашите државјани кои се во странство патните исправи во странство да можат да ги користат до денот на важноста и да можат слободно со нив да се вратат во Македонија, како и возачките дозволи да можат да се користат во Македонија до денот на важноста.

Исто така и сообраќајните дозволи да можат во Македонија да се користат до денот на важноста, доколку не е направена промена.

Воедно, препорачуваме граѓаните кои патуваат во странство да можат да извадат меѓународна возачка дозвола и истата да ја користат при патување во странство“ соопштија од партијата.

Доколку Владата не ги прифаќа измените на овие закони што ги предлага министерот за внатрешни работи, од Демократскиот сојуз велат дека тие можат да бидат предложени од пратеници.

За овој невиден хаос мора да има одговорност од неговите креатори, посебно од Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Оливер Спасовски, порачаа од Демократскиот сојуз.

Поврзани новости