Достоинството, благосостојбата на граѓаните, евроатлантските интеграции, правната држава и човековите права се дел од основните цели на новоформираното Здружение за слободни граѓански иницијативи, „Демократски Форум“.
-Поради моменталната политичка ситуација со земјата, неизвесноста во која живееме и неодоговорноста на одредени политички струи, група на слободоумни и слободни граѓани го формираа „Демократски Форум“. Форумот има за цел на едно место да ги обедини сите оние граѓани кои се заинтересирани за вистински демократски промени и за целосна и сеопфатна трансформација на општеството.
Недостатокот на демократија и статус кво ситуацијата која се провлекува години, од осамостојувањето на државата, недоволната посветеност на институциите и партиите, но пред сѐ,лошиот квалитет на живот беа мотив плус за создавањето на Форумот. „Демократски Форум“ е организација која транспарентно, посветено и проактивно ќе работи на враќање на довербата на граѓаните пред сѐ во општествените процеси, а дополнително своите цели и задачи ќе ги остварува преку однапред утврдена програма за работа и активности.
Понатаму, Форумот ќе одржува јавни панел дискусии, ќе реализира проекти, конференции и советувања, но ќе креира и политики кои подоцна, сите во својот домен, ќе послужат за подобрување на животот на сите граѓани на државата. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани и граѓански организации кои размислуваат слободно, да ни се приклучат во нашата работа и заедно, да работиме Република Северна Македонија да стане пристојно, нормално и хумано место за живеење, се вели во соопштението.