Демократски американски сенатор: Бајден не може да го победи Трамп

by Fokus

Демократскиот американски сенатор Мајкл Бенет од Колорадо за Си-Ен-Ен изјави дека демократскиот американски претседател Џо Бајден не може да го победи поранешниот републикански претседател Доналд Трамп на изборите во ноември 2024 година.

„Треба да разговараме за тоа“, рече Бенет за Си-Ен-Ен на прашањето дали Бајден треба да се повлече како претседателски кандидат на неговата партија.

Бенет, сепак, конкретно не го повика Бајден да го стори тоа.

„Тоа е нешто што претседателот треба да го разгледа“, рече тој.

Поврзани новости