Згнасени сме од леснотијата со која и поранешните и сегашните членови на ВМРО-ДПМНЕ ѝ нанесуваат штета на историското ВМРО и на државата, реагира ВМРО- ДПМНЕ Демократска фракција.
„Деновиве стана мошне јасно дека случувањата кои ја преокупираа јавноста се ефтина, но добро смислена игра за доразнебитување на партијата преку активирање на инфилтраните структури и врбување на ситнодушни користољубиви членови, во пресрет на претседателските избори. Целта на удбашко криминалните структури со полни џепови, во спрега со Зоран Заев и дел од меѓународната заедница, е ВМРО- ДПМНЕ на претстојните претседателски избори да доживее дебакл, сѐ со цел да победи кандидатот на СДСМ кој потоа би ги потпишал и објавил во Службен весник усвоените амандани за промена на Уставот на РМ, ратификацијата на Преспанскиот договор како и Законот за јазиците. Во меѓувреме со диригираните оставки на доцна морално освестените персони на високи партиски позиции, досегашни соучесници и соизвршители, целта е по поразот на тие избори, истите тие повторно да се вратат во високите партиски редови и повторно заради лични цели и интереси да бидат прислужници и измеќари на дел од фамилијата, а дел од нив да се спасат од долги години поминати во затвор.
Затоа Христијане Мицковски поради сите грешки кои ги направи досега, доколку не се освестиш на време и доколку не се обидеш да ја надминеш сопствената суета, твоето претседателствување ќе трае најдолго до завршување на претседателските избори. Затоа Демократската фракција за последен пат ти порачува, докрај и без никакви калкулации да расчистиш со сите криминални структури во партијата и партиските мешетари. Да ги ослободиш од партиски функции сите оние за кои се водат обвиненија, или предистражни или истражни постапки до завршување на истите и да им се извиниш на граѓаните за сторените зла во име на партијата. Нема потреба да се плашиш од закажување на вонреден конгрес на кој ќе присуствуваат демократско избрани делегати. На овој итен конгрес целта е со промена на Статутот да се демократизира партијата, да се зајакне евроатланската ориентација, како и да се зајакне партиското водство преку нов времен тимски пристап.
Само силно и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои за спас на сопствената кожа и други интереси се обидуваат да ја урнисаат партијата и достоинството на македонскиот народ и да им овозможат на СДСМ и на дел од меѓународната заедница да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ – Демократска фракција.