Демократите во американскиот Сенат денеска отворија онлајн портал за свиркачи како одговор на репресијата на новиот американски претседател Доналд Трамп врз федералните агенции.
Тие испратија јавно писмо до вработените во јавниот сектор во кое ги информираа за портал за пријавување прекршоци, злоупотреба на службената положба и закани по јавната безбедност, вклучително и одмазда, трошење пари, измами и криминални дејствија.
„Свиркачите се клучни во откривањето на измамите и злоупотребата во федералната влада“, се вели во писмото на демократските лидери Чак Шумер и Гери Питерс.
Откако ја презеде функцијата, Трамп почна да спроведува промени кои, според неговите критичари, ги надминуваат неговите овластувања. Поради ова веќе се поднесени десетици тужби.