Романскиот десничарски претседателски кандидат Калин Ѓоргеску, кој се најде во центарот на скандалот околу наводното руско мешање во изборите, се појави на местото на кое денес би гласал во вториот круг на претседателските избори, порачувајќи дека одлуката на Уставниот суд да го поништи гласањето е фатална за демократијата.
Уставниот суд на Романија одлучи претседателските избори, чиј втор круг требаше да биде одржан викендов, да се поништат и да се одржат нови. Судот порача дека владата треба да одлучи кога ќе се одржат новите избори.
Во вториот круг ќе се соочеа десничарот Ѓоргеску, кој победи во првиот круг, и прозападната центристичка кандидатка Елена Ласкони.
Ѓоргеску го дочека толпа поддржувачи и новинари во училиштето во кое требаше да гласа во вториот круг.
-Ќе продолжиме на демократски начин. Јасно барам мир, за се она што мора за да ја вратиме нашата демократија, бидејќи демократијата беше поништена од судот – кажа Ѓоргеску.