Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднело обвинителен предлог против еден граѓанин за демнење, а за друг граѓанин за помагање при извршување на ова кривично дело/
„ОЈО Скопје поденес обвинителен предлог против едно лице за две кривични дела – Демнење од член 144-а од Кривичниот законик, додека уште едно лице се гони за помагање при извршување на наведеното кривично дело“, соопшти Обвинителството.
Од Обвинителството објаснуваат дека обвинетиот, во периодот од 26 февруари до 9 мај, повторено неовластено прогонувал, се мешал во личниот живот и настојувал да воспостави несакан контакт со двајца сопружници.
„Во критичниот период тој ги вознемирувал мажот и жената со повици, СМС пораки и пораки на телефонски апликации, ги фотографирал неовластено и им се заканувал дека ќе објави податоци за нив“, сооошти Обвинителството.
Сопружниците откако го пријавиле, како што информира Обвинителството, вториот обвинет му помогнал така што му ветил дека тој лично ќе влијае да не биде процесуирана кривичната пријава против првообвинетиот.
„Дополнително, против помагачот Основното јавно обвинителство Скопје веќе поднесе обвинение и за кривично дело – лажно претставување, бидејќи со цел да покаже влијание и моќ пред лицето пријавено за демнење, му се претставувал како полициски службеник, а во пораки споменувал имиња на полициски службеници и јавни обвинители“, соопшти ОЈО.