117
Министерот за здравство Илир Демири незаконски ги разрешил медицинскиот директор на Токсикологија и директорот на Кардиохирургија, соопшти Антикорупциската комисија. Незаконски било и склучувањето на договори на дело со 18 лица на клиниката на кои им престанал работниот однос, бидејќи истите не биле потпишани од двајцата директори како што налага законот.
Комисијата констатира дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита.
ДКСК соопшти дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство.