Демири: Ќе дадам се од себе да имаме функционален здравствен систем

by Фокус

Јас ја преземав функцијата за да има континуитет во здравствениот систем и луѓето да добиваат подобра и поквалитетна здравствена грижа додека не завршат изборите и не се формира нова влада и друг некој да преземе, вели новиот министер за здравство Илир Демири.

-Функционалноста на системот ми е многу битна и почитување на законите во Министерството за здравство и општо на државно ниво. Како проекција во иднина што би било кога би имал прилика повеќе години да ја извршувам оваа позиција како министер, тогаш единствено решение кое може да го подобри здравствениот систем е да се изградат четири регионални центри и да се групираат пациентите што побрзо да добиваат здравствена услуга, да се намалат трошоците и да има поголема ажурност од медицинскиот персонал, како и искористеноста на расположливите капацитети кои веќе ги имаме – рече Демири за Радио Слободна Европа.

Одговорајќи на прашањето зошто се нафатил да биде министер само неколку месеци, тој вели:

„Не е прв пат во животот да бидам на раскрсница кога општеството има потреба од мене и сум се одлучил и тогаш ако можам да бидам корисен за општеството. Ќе дадам се од себе да помогнам да имаме функционален здравствен систем“.

Поврзани новости