Демири: Ако има потреба ќе се донесат законски измени за казнување антиваксери

by fokus

Министерот за здравство Илир Демири денеска јавно се обврза дека ќе преземе мерки за да се утврди како е основано Здружението на антиваксери и по кој законски принцип функционира. Секоја изјава во медиумите, рече, треба да се проследи и да се види точно кој стои зад антиваксерските кампањи.

Како што најави, ако е потребно, ќе се донесат законски измени за казнување на лицата кои ќе поттикнуваат кампањи против вакцинација.

Не знам каква е можноста законски да се атакираат тие, но ако има потреба, ќе влијаеме и во промена или додавање законски нормативи со кои ќе бидат казнети сите луѓе кои поттикнуваат некаква кампања против вакцинација, истакна Демири, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Декларацијата за промоција и поддршка на вакцинацијата во Лекраската комора.

Тој и претставниците на трите лекарски комори, Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, уште еднаш порачаа дека вакцините се безбедни и се една од најголемите придобивки за човештвото.

Поврзани новости