Mинистерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој денес положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, изјави дека е задоволен од организацијата на настанот, но истовремено изрази жалење што бугарски државјани неколку часа чекаа за влез во Македонија на граничниот премин „Деве Баир“.
-Се надевам дека на сите бугарски државјани кои тргнааа кон Скопје ќе им биде овозможено да дојдат во црквата Свети Спас. Има извештаи дека некои бугарски државјани се спречени да влезат на територијата на Северна Македонија. Немам точни информации колку Бугари се спречени. Добив информација дека снемало струја. За да нема слични проблеми во иднина, во понеделник ќе донираме генератори на трите пункта на ПКМ – изјави Демерџиев.
Тој посочи дека лично ги замолил Костадин Костадинов и Ангел Џамбаски денеска да не го посетат Скопје, за, како што рече, да се избегнат конфликти.