Демант од Македонски анонимуси: Ние не сме направиле Видео, анонимуси не се партиски поврзани!

by Фокус 11:45
11:45

Организацијата Анонимуси Македонија преку својот фејсбук профил демантираше дека стојат зад видеото објавено вчера од наводни Анонимуси.

„Нашата страница нема направено вакво видео и не стоиме зад ова. Се сомневаме дека видеото е направено за нечии политички поени. Не наседнувајте. Анонимуси не се и никогаш не биле партиски поврзани“, се вели во демантот.

- Advertising -

anonymous1

 

Вчера на друштвените мрежи почна да кружи видео насловено „Правата вистина“ зад кое се потпишале некои Македонските анонимуси.

Тие во видеото велат дека го хакирале дувлото на оние кои го креирале сето ова во врска со прислушуваните разговори.

-Ние овие денови ќе објавиме работи, кои лицето Зоран Заев и опозицијата сигурно ќе сакаат да ги скријат.. Се’ е кај нас! Тик-так! Тик-так! – велат наводните Македонски анонимуси во видеото.

Поврзани новости