Демант од ЈП Комунална Хигиена Скопје

by Fokus

Во врска текстот со наслов „Арсовска ја „урниса“ комунална хигиена, само долг од над 6 милиони евра спрема добавувачи“ објавен на 03.10.2024 год. на интернет порталот focus.mk, преку авторот Ирена Мулачка, изнесени се невистинити тврдења за факти кои предизвикуваат штета на угледот на ЈП Комунална Хигиена Скопје.

Имено, тврдењата на сметка на ЈП Комунална Хигиена Скопје изнесени во насловот и текстот, се неточни, паушални, тенденциозни, со кои се манипулира јавноста.

Така изнесената селективна и манипулативна содржина за ликвидноста на „Комунална Хигиена“ Скопје влијае штетно на претпријатието и обесхрабрувачки за сегашните и идни добавувачи, со што се загрозува извршувањето на неговата основна дејност.

Пример, никаде во текстот не е спомнато дека јавното претпријатие има побарување од 4 милиони евра само од државни фирми кои сеуште не може да ги наплати, а поради тоа се акумулираат долгови.

Вие како автор на еден сериозен интернет портал, водејќи сметка за новинарскиот кодекс и професионални стандарди, пред објава на текстот, имате обврска да побарате мислење од засегнатата друга страна, а тоа не е сторено.

 

Поврзани новости