Повеќе од 10 милиони жители на Австралија се опфатени со некакви рестрикции за спречување на ширењето на ковид-19 поради појавата на делта-сојот. Откако во повеќе делови од земјата беа воведени некакви рестрикции, денеска итен состанок поради зголемениот број на инфекции треба да одржи и Совет за национална безбедност.
Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите. И Западна Австралија претходно го врати на сила носењето маски во затворени
Главните градови на Нов Јужен Велс (Сиднеј) и на Северната Територија (Дарвин), пак, за време на викендот воведоа нов карантин. Сиднеј кој е најнаселен град во Австралија регистрираше 128 случаи на делта-сојот, а ќе биде во карантин две недели.
-Мораме да бидеме подготвени на значителен пораст на бројот на нови случаи сега кога се бориме против новиот сој, предупреди премиерката Гладис Берџиклиан.
Австралија досега важеше за земја која многу поуспешно, со споредба со други развиени земји, се справува со епидемијата. Забележа само 30.450 инфекции и 910 смртни случаи. Мерките со кои таа досега се бореше со ковид-19 беа токму карантините, ограничувањето на контактите и брзото детектирање на контактите на заразените.