796
Делта сојот на коронавирусот е потврден кај жена од Меѓугорје, Босна и Херцеговина, објавија дел од босанските медиуми.
Делта сојот првпат е откриен во Индија, а стана глобално доминантна варијанта на Ковид-19. Овој сој се смета за повирулентен, но не е докажано дека е посмртоносен.
Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести делта сојот би можел да биде 90 отсто од новите случаи во Европска Унија до крајот на август.
Симптоми на делта сојот се главоболка, болка во грлото и течење на носот.