Делови од Карпош денеска без вода

by Fokus

Денеска од 8.30 часот, па се до завршувањето на работите, прекин на водоснабдувањето ќе има во дел од општина Карпош. Причина за прекинот е замена на два затворачи од Ф 150мм и Ф200мм на улицата Бледски Договор во населба Карпош 3.

Без вода ќе останат граѓаните на дел од улицата Бледски Договор (потегот од Карпошово востание до булевар Илинден), дел од Карпошово Востание, Драгиша Мишовиќ, Трифун Пановски, Роберт Кох и Воена болница.

Поврзани новости