Во повеќе места во источниот дел на Украина синоќа имало прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија украински претставници.
Струја немало и во вториот град по големина, Харков, но и во регионите Доњецк и Суми во источна Украина.
Електрична енергија исто така немало и во Краматорск, град лоциран во источниот дел на земјата.
Украина ги обвини руските сили дека ја напаѓаат цивилната инфраструктура како одговор на брзата офанзива што во викендот ја имаа украинските трупи и што ја принудија Русија да го напушти главниот бастион во регионот Харков.
„Терористите од РФ остануваат терористи и ја напаѓаат критичната инфраструктура. Нема воени објекти, целта е да се лишат луѓето од светлина и топлина“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер.