Делови од две скопски општини утре ќе останат без струја и вода

by fokus

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 11.07.2022 година (понеделник) поради зафат на водоводната мрежа во близина на пумна станица Жданец, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Жданец, Трнодол, Нерези и дел од ул.Козле (висока зона). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 11.07.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:

-во периодот од 08.00 до 10.30 часот, дел од село Кучевиште (општина Чучер Сандево)

-во периодот од 09.00 до 10.30 часот, дел од корисниците од улица Жданец (општина Карпош)

-во периодот од 09.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од улица Леринска (општина Карпош).

Поврзани новости