Делови од Бутел, Кисела Вода и Карпош утре без струја

by irena 18:36
18:36

ЕВН Македонија АД известува дека утре, 23 септември 2026 година, без електрична енергија ќе останат корисници на повеќе улици во Скопје.

Во периодот од 07:55 до 09:55 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Тале Христов“ и „Костурска“ во Општина Бутел.

Од 09:00 до 14:00 часот, прекин е најавен за корисниците на улиците „Мишко Михајловски“ и „Емил Зола“ во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 10:05 до 12:05 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Боро Меков“ во Општина Бутел.

Од 13:00 до 14:00 часот, прекин е најавен за корисниците на улицата „Варшавска“ во Општина Карпош.

 

Слични вести