441
Делегација од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски утрово по повод националниот празник Илинден, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец.
Делегацијата потоа положи цвеќе и пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на РСМ, како и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.