Делегација на ОБСЕ/ОДИХР во надзор на АВМУ

by fokus

Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена шефот на Мисијата за набљудување на изборите во земјава, Корин Јонкер денеска оствари работна средба со претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по повод наодите од Конечниот извештај на Набљудувачката мисија за претседателските избори одржани на 21 април и 5 мај 2019 година.

На средбата се разговараше за законските измени во поглед на начинот на финансирање на Агенцијата и Македонската радиотелевизија и нивното влијание врз независноста, функционирањето и планирањето на активностите на регулаторот и јавниот радиодифузен сервис.

Беше дискутирано и за последните измени на Изборниот законик, со акцент на издвојувањето средства од Буџетот за финансирање на платеното политичко рекламирање за време на избори и за потребата од измени на Изборниот законик, пред се имајќи ја предвид неусогласеноста меѓу одделни законски одредби.

Поврзани новости