Дел од жителите на Центар без вода

by valentina 08:04
08:04

Дел од жителите на Општина Центар денеска поради дефект ќе бидат без водоснабдување, соопшти РЦУК по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“.

На ден 13.11.2025 година поради уличен дефект на ул. „8-ма Ударна Бригада“ 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Италија, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Слични вести