678
Невремето што го зафати Скопје резултираше со испад во високонапонската мрежа. Поради тоа, корисниците на дел од центарот на градот останаа без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Нагласуваат дека екипите на Електродистрибуција се на терен со цел брзо да интервенираат, а корисниците се префрлуваат на алтернативни напојни точки.