Дел од судиите ќе го тужат претседателот Рибарев за попречување на правдата

by fokus

Десетина судии од Основниот суд Скопје 1 најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против в.д. претседателот на Судот Стојанче Рибарев за попречување на правдата.

САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека Рибарев денеска пред да биде соопштена одлуката дека во „Титаник“ нема да има притвор за експремиерот Никола Груевски и за останатите обвинети, ги свикал на колегиум сите судии за да им соопшти дека направил нов годишен распоред. Со тој распоред само за време на одморите, Рибарев ги враќа на старите работни места судиите што претходно ги тргна од предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Сега откако се заврши првата рунда против Специјалното обвинителство со отфрлање на буквално сите барања за мерки притвор, заклучно со неодобрувањето притвор на поранешниот премиер Никола Груевски и на соработниците Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, нè враќаат сите што не тргнаа како опасни и неподобни судии“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК дел од вратените т.н. неподобни судии.

Поврзани новости