Дел од студентите ја променија локацијата за протест во Белград за да се спречи насилство

by Фокус

Студентите во блокада од Електротехничкиот и Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград на социјалните мрежи објавија дека централно место на денешниот протест, закажан за 16 часот, наместо на платото пред српскиот парламент, ќе се одржи на плоштадот „Славија“.

Промената, велат дека ја прават со цел да се спречи евентуално насилство за време на собирот. Тие во соопштението наведуваат дека во последен момент одлучиле да ја направат оваа промена „поради последните случувања и соочени со се пожестока ситуација во општеството“.

„Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство, како и поради безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Пионирскиот парк. Ги повикуваме сите да ни се придружат на Славија и заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, порачаа студентите.

Тие на социјалните мрежи изјавија дека оваа одлука е донесена за да се обезбеди безбедност на сите учесници, како и на „учениците кои сакаат да учат“, кои со денови престојуваат во паркот на „Пионерите“. Сепак, за конечната локација на протестот се очекува официјална одлука од студентите во блокада.

Поврзани новости