387
Утре во одреден период од денот, без вода ќе бидат дел од општините Студеничани и Карпош.
Според ЈП „Водовод и канализација“, поради уличен дефект од ф – 100 мм на улицата „7“ бр.12 во село Батинци, во периодот од 09.00 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од селата Батинци и Љубош, додека поради поврзување на нова водоводна мрежа од ф – 100 мм на улицата „Скупи“ бб, во периодот од 09.00 часот до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од Момин Поток и место викано Криви Дол.