Дел од членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ попладнево беа во седиштето на партијата и се сретнаа со претседателот Христијан Мицкоски. За „Фокус“ тие велат дека отишле самоиницијативно за да му дадат поддршка на Мицкоски.
-Не не повика претседателот, самоиницијативно отидовме да му дадеме поддршка, и да му дадеме до знаење дека сме секогаш тука за партијата и целосно ги поддржуваме нејзините политики, вели за „Фокус“ претседателот на УМС Кисела Вода, Никола Илиевски.
На средбата присуствувале членовите на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, како и членови на Унијата на млади сили.
Ова следува откако денеска претседателот на УМС, Лука Кржалоски си поднесе оставка од функцијата, а по него тоа го направија уште неколку членови на раководни позиции на УМС.
К.С.