Декларација за борба против корупцијата потпишаа шефовите на дипломатии од земјите во регионот

by Fokus

Министрите за надворешни работи од регионот попладнево на маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје потпишаа заедничка декларација за борба против корупцијата.

Меѓу потписниците беа македонскиот министер Бујар Османи, српскиот министер Ивица Дачиќ, министерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ, албанскиот министер Игли Хасани и министерот на Босна и Херцеговина, Елмедин Конановиќ.

По потпишувањето Османи, посочи дека заедничката декларација препознава оти корупцијата го ослабнува владеењето на правото, ја разнишува довербата во институциите и ги загрозува социјалниот и економскиот развој и просперитет како и стабилноста и безбедноста.

„За успешна борба против корупцијата во регионот на ОБСЕ клучен е заедничкиот пристап и јасната политичка волја. Декларацијата ја нагласува нашата решителна и безусловна определба да работиме заедно за спречување, сузбивање, истражување и кривично гонење на корупцијата во Југоисточна Европа“ – изјави тој.

Поврзани новости