Дејан Георгиевски награден со 1,8 милиони денари за среброто во Токио

by fokus

На нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски ќе му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари, одлучи Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 92-ра седница.

Како што соопштија од владината прес-служба, со одлуката парична награда ќе добие и неговиот тренер Дарко Костовски на кого ќе му бидат доделени 600.000 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Поврзани новости