Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Христијан МИЦКОСКИ под притисок
Немате поим какви притисоци трпам заради уставот од сите страни,
доаѓаат емисари јавни и тајни, како гладни мајмуни на дрво банани!
Дури и оној Ескобар проба да ме убеди, баш во амбасадата на Кале,
но идат избори, па странскиот наспроти народниот притисок мал е!
Димитар КОВАЧЕВСКИ кафански човек
Небитно што рече Пленковиќ во Блед, дека односот на ЕУ е срамота,
сакам да знаете дека го чув гласот на народот, за тоа имам анегдота!
Шетам јас така по кафаните, па келнерите (сѐ наши деца) рекоа јасно,
сакаат дома да им е во ЕУ, па ајде уставот да го смениме едногласно!
Славјанка ПЕТРОВСКА пополнувач на армиски редови
Ова се опасни по светскиот мир времиња, па мора армија да си имаме,
и затоа ми е мило што 150 нови војници во редовите на АРМ примаме!
Плус, војска без команда е како министерство без министерка на чело,
па затоа и 120 подофицери промовиравме, да ни завидува НАТО цело!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Јетон Шаќири и Бојан Маричиќ е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.