(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Оливер СПАСОВСКИ намалувач на корупцијата
Математички прецизно пресметав дека за 22 отсто корупцијата е помала,
што значи дека 78 отсто уште ја има, но и за ова заслужено е едно „фала“!
Се бориме со сите незаконитости, па еве и за Касами и Ганиу пријава има,
оти химната не ја пуштија кога Курти дојде, па така државник не се прима!

 

Данела АРСОВСКА се прави на Тошо
Побарав Советот да го врати името на улицата „Втора македонска бригада“,
кое бившиот состав го сменил во „Адем Демачи“, а изин дошол и од Влада,
а и во Приштина да добие некоја улица по наш јунак име не би било лошо,
еве на пример по Тодор Александров, па буквално ќе се правиме на Тошо!

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ барач на казни
Значи најлесната работа во земјава била да се кренат меѓуетнички тензии,
само треба да се појави на митинг карта со јаки територијални претензии!
Плус ни химна ни знаме немаа за дочекот на Курти па мора да се реагира,
за Касами и Ганиу треба казни да има, прекршија  закон, зар некој негира?

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Стефан Богоев и Славјанка Петровска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости