(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ отворен за партнерство
Владата не е ноќен клуб па и малите партнери да се на влезот вратари,
ко Павле Трајанов со етничкиот баланс што не дава да влезе Таравари!
Јас сум многу дружељубив, што повеќе партии се со власта тоа е појака,
кај мене сите се добредојдени, тендери му давам на секој што ме сака!

 

Оливер СПАСОВСКИ министер од иднината
Заглавени сме во минатото, во Охрид ради историја човек премлатија,
сега Бугарија ќе ни стави блокада, ете им ја сламката за која се фатија!
Не дека немаше да најдат причина за блокада, но за ова сум крив јас,
па еве решение футуристичко: електронски идентитет за секој од нас!

 

Данела АРСОВСКА сообраќаен решавач
Во Скопје има движење, и најмногу прометни се директорските места,
на пример во МКЦ турив нов, детектив е, мнозина ги изненади вестта!
Но, детективи и требаат, да откријат во Скопје зошто паркинзи фалат,
а ќе купам и нови 50 еко-автобуси, на загаденост сите да не се жалат!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски, Бујар Османи и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

Поврзани новости