(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ во потрага по мудрост
На Аргентина ѝ честитав на твитер за успехот, секој шут на Меси – гол е,
а по телефон зборев и со советникот на Блинкен, некој си Дерек Шоле,
па му реков по Нова Година, кога ќе оздрави од ковид, да намине тука,
да нѐ советува што да направиме со корупцијата, да ни даде и нам ука!

 

Никола ГРУЕВСКИ принц на бел коњ
Баш на Свети Никола, објави анкета ИРИ во која јас сум најпопуларен,
значи после сите мои глупости, народот ме сака, па сигурно не е арен!
А Заев ме чека да се вратам ко принц на бел коњ, тоа е јака метафора,
јас сум му ноќна мора, ме сања од самрак до зора, и на нива кога ора!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ возач на булдожер
Јас и Зечевиќ сме ко „добар цајкан-лош цајкан“, или ко убавица и ѕвер,
јас нудам саде убави реформи, а тој се спрема да гази сѐ со булдожер!
Можам и јас да возам булдожер, но сепак сум нели премиер, па нема,
се грижам за бедните, па затоа сал за богати поскапа струја се спрема!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Оливер Спасовски и Данела Арсовска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости