(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ човек во континуитет
Можам да кажам дека сум континуитет на Киро, Бранко, а и на Заев,
па дека ДКСК нема да ми најде вина за „Броило“ јас просто си знаев!
Тоа е континуитет овде, што додека си на власт баш никој не те дира,
но за секој случај, донесов пакет кризни мерки, да владеам на мира!

 

Фатмир БЕСИМИ буџетски штедач
Да, од Светската банка ни најавија стагфлација, ама јас немам страв,
оти заштедив 40 милиони евра во буџет, е па ја сум бе штедач прав!
Точно е дека Русија, Белорусија и Украина, имаат помал раст од нас,
тие се во војна, ние во мир, па без кредити од ММФ ќе ни нема спас!

 

Христијан МИЦКОСКИ седнувач на маса
Широка коалиција е шведска маса, океј ако си гладен, ама јас сум сит
од чекање избори, и само за тоа можам да се сложам, сѐ друго е шит!
Со Таче не можеме да се разбераме, па џабе седнавме и на иста маса,
јас барам „Викенд без ДДВ“, а тој бара за Бугари во Устав да се гласа!?

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Славјанка Петровска, Данела Арсовска, Димитар Апасиев и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости